20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Околу 85 проценти од новите случаи на коронавирусот во светот доаѓаат...

СЗО: Околу 85 проценти од новите случаи на коронавирусот во светот доаѓаат од Европа и САД

Околу 85 проценти од новите случаи на коронавирусот во светот се пријавени во Европа и САД, додека Светската здравствена организација очекува “значително” зголемување на бројот на заразени и починати ширум светот.

Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, изјави дека податоците покажуваат дека 85 проценти од новите случаи се пријавени во Европа и САД.

СЗО очекува значително зголемување на бројот на заразени и бројот на умрени од коронавирусот.

Според податоците во понеделникот, во светот се забележани вкупно 334.000 случаи на коронавирусот.

Портпаролката на Харис истакна дека пандемијата “брзо се шири и дека во денешните извештаи ќе има значително поголем број нови случаи”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП