1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Рецесија полоша од 2008 година

ММФ: Рецесија полоша од 2008 година

Пандемијата коронавирус ќе предизвика глобална рецесија оваа година, која ќе биде полоша од светската економска криза во 2008 година, но светскиот економски производ може да се опорави во наредната година, соопшти Меѓународниот монетарен фонд.

Помош од ММФ веќе побараа 80 земји, а како што наведува директорката Кристалина Георгиева, тие се подготвени да издвојат една милијарда долари за заеми.

ММФ ги поздравува вонредните мерки кои ги преземаа многу земји за унапредување на здравствените системи и заштита на компаниите и вработените, како и потезите кои ги презедоа централните банки за олеснување на монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП