25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвегодишно дете е најмладиот пациент заболен од коронавирус во Македонија, а најстариот...

Двегодишно дете е најмладиот пациент заболен од коронавирус во Македонија, а најстариот пациент има 91 година

Според податоците објавени на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, најмладиот пациент во Македонија заболен од коронавирус е двегодишно дете, а најстариот пациент има 91 година.

Во детаљниот дневен извештај на Институтот за јавно здравје пишува дека возраста на заболените се движи од 2 до 91 година (просек 42,2 години), а повеќето заболени (23 проценти) се на возраст од 30 до 39 години“.

Од вкупниот број заболени од коронавирус во државата, 136 лица, повисок е бројот на женските лица, односно 66 се мажи, а 70 се жени.

Кашлицата е најчестиот симптом кај заболените, речиси 70 отсто од пациентите го имаат овој симптом. Потоа следуваат покачена температура (65,3 %), слабост (31,6 %), болка во грлото (25,3 %), треска (24,2 %) и главоболка (24,2 %), а 41 отсто се без симптоми.

27 лица од 136-те заболени, според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, претходно имале хронична болест, од кои 17 имаат кардиоваскуларна болест, 5 лица се со хронична белодробна болест, а по тројца се со дијабетес, хронична бубрежна болест и со хипотироидизам и еден со невромускулна болест.

Досега, според Институтот, регистрирани се 9 случаи на заболување меѓу здравствените работници.

Во дневниот извештај на Институтот се вели дека процената на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на европскиот регион за понатамошно ширење на Ковид-19 кажува дека ризикот е многу висок“.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

Дебар е во фаза 4 (широкораспространета трансмисија во заедницата);

Скопје е во фаза 4 (широкораспространета трансмисија во заедницата);

Преостанатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

До денеска до пладне беа дијагностицирани нови 22 лица со коронавирус, од кои 16 се жени, а 6 мажи. Повеќето од нив имаат 50-59 години.

Од нив, двајца се хоспитализирани, а другите се на домашно лекување.

Од овие 22 лица, 15 веќе имале контакт со веќе заразено лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП