Шпанија во борбата против коронавирусот воведува роботи за да го зголеми обемот на тестирање и со тоа да влијае на исклучително тешката состојба во земјата.
Директорката на Институтот за јавно здравје Карос III Ракел Јоти изјави дека владата работи на набавка на четири роботи кои би можеле да го зголемат бројот на дневни тестови на 80.000.
„Роботите се корисни бидејќи можат да вршат автоматско тестирање“, изјави таа.
Владата на Шпанија, која се наоѓа на второ место во Европа по тежината на епидемијата, најави дека ќе го зголеми обемот на тестирањето и за таа цел ќе обезбеди 640.000 сетови, објави Guardian додавајќи дека планот е да се набават милион тестови.