1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка формира фонд за помош на сиромашните земји поради пандемијата

Норвешка формира фонд за помош на сиромашните земји поради пандемијата

Норвешка денес најави формирање фонд на ООН за помош на сиромашните земји во борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Загрижени сме дека вирусот ќе влијае на веќе кревките здравствени системи на земјите во развој“, изјави норвешкиот министер за помош во развој Даг-Инге Улштеин.

Министерот истакна дека меѓународната солидарност е поважна од било кога.

„Затоа е важно за нас да дадеме економски придонес во еден ваков фонд на ООН“, додаде Улштајн во соопштението.

Норвешка очекува оваа недела да биде отворен тој фонд во кој ќе донираат донатори, но сè уште не е јасно со колку средства ќе располага тој фонд.

Таа иницијатива, како што наведуваат од Осло, наиде на позитивен прием кај заменик генералниот секретар на ООН, Амине Мохамед.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, во четвртокот предупреди дека милиони животи се во прашање доколку светот не покаже солидарност, особено кај најсиромашните земји кои се соочуваат пандемијата коронавирус.

Според податоците на France Presse, повеќе од 324.000 луѓе се заразени со коронавирусот во 171 земја во светот, а досега починале 14.396 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП