25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД на секое семејство му дава по 3.000 долари помош поради пандемијата

САД на секое семејство му дава по 3.000 долари помош поради пандемијата

Предлог законот за економско олеснување за борбата со коронависурот, кој се финализира во Конгресот, ќе вклучува и еднократна исплата во износ од 3.000 долари наменети за семејствата, изјави американскиот секретар за финансии Стивен Манучин.

Манучин за Fox News изјави дека Федералните резерви ќе можат да искористат до четири милијарди долари ликвидни средства за поддршка на националната економија.

Истакна дека дополнителните мерки за ликвидност на американската централната банка би требало да и помогнат на широката база на американски компании во напорите да ги пребродат следните три до четири месеци.

Манучин изјави дека проблемот со вирусот корона без сомнение ќе се одрази на американската економија, но дека таа би требало да се опорави бидејки вирусот полека се смирува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП