19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТехника за дишење која брзо ќе ве смири во стресни ситуации

Техника за дишење која брзо ќе ве смири во стресни ситуации

Во стресни ситуации лесно може да не фати паника. Тоа неконтролирано чувство на страв го пратат и разни физички симптоми како што се брзо чукање на срцето, недостаток на здив, вртоглавица, гадење и многу други.

Паниката најбрзо и најлесно ќе ја смирите со дишење

Имено, физичките симптоми често се резултат на фактот дека поради страв едноставно забораваме да издишуваме воздух кој потоа се акумулира во горниот дел на респираторниот систем и се меша со нормалното дишење.

Постои едноставна техника која може да ви помогне да го регулирате дишењето, да го вратите во нормала и да се смирите во стресна ситуација.

1. Во себе броете до пет со бавно темпо и притоа длабоко вдишите воздух.

2. Кога ќе изброите до пет, задржете го воздухот и во себе броете до четири.

3. Потоа полека преку нос испиштајтр воздух и во себе броете до пет.

Оваа техника се користи за смирување при напад на паника и анксиозност, но ќе ви помогне во сите ситуации во кои чувствувате голема напнатост и стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП