среда, март 3, 2021
6 °c
Skopje
7 ° сре
7 ° чет
6 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 14,214.05 -0.07%    KMB 7,900.00 -0.16%    OKTA 3,500.00 0%    RMDEN19 99.60 0.1%    TETE 1,800.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Бизнисот со првични проценки за загубите, банките со поповолни услови за постојните кредити

март 21, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
Бизнисот со првични проценки за загубите, банките со поповолни услови за постојните кредити
1
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Граѓаните и компаниите кои имаат или ќе имаат потешкотии со подмирување на обврските за земените кредити поради состојбата со коронавирусот ќе можат да добијат поповолни договорни услуги од банките. Народната банка вчера донесе регулаторни измени кои им овозможуваат на банките и штедилниците да понудат поповолни услови за компаниите и физичките лица кои пред 29 февруари годинава немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални.

-Измените значат поголема флексибилност на банките и штедилниците при промена на договорните услови за отплата на кредитите во поповолна насока за клиентите, во зависност од процената на потребата и финансиската способност на секој поединечен кредиторокорисник. Поповолните услови може да значат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување на нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата, информираа од Народната банка.

Промените на договорните услови извршени до 30 септември годинава нема да се сметаат за реструктурирање на кредитната изложеност. Со тоа, на граѓаните и компаниите кои до почетокот на март немале проблем со отплатата на кредитите им се овозможува и непречен натамошен пристап до кредитна поддршка.

Со регулаторните измени се олеснува и условот за класификација на одреден кредит како нефункционален, односно пристап согласно со кој банките и штедилниците имаат обврска како нефункционални да ги евидентираат кредитите што се со задоцнување подолго од 90 дена, сега критериумот за премин во нефункционално побарување се поместува на 150 дена.

Од Македонската банкарска асоцијација вчера информираа дека нејзините членки се подготвени да излезат во пресрет на сите барања од граѓаните и компаниите кои се соочуваат или ќе се соочат со времена неможност за отплата на кредитите. Оттаму ги оценија како позитивни најновите мерки на Народната банка.

– Заради отстранување на било какви дилеми и шпекулации, би сакале да појасниме дека овие мерки не значат мораториум на отплатата спрема банките и штедилниците, туку даваат можност на брз и ефикасен начин да се излезе во пресрет на сите оние на кои тоа им е потребно во моментов и месеците кои се пред нас. Сите сме дел од ова општество и оваа економија и затоа е потребно со внимателно управување со ресурсите со кои располага нашата економија на најдобар можен начин да се соочиме со проблемите и кога оваа криза ќе помине да продолжиме со најмали можни последици за секое наше семејство, компанија, нашиот економски и финансиски систем и општеството во целина. Нашите членки, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро ќе дадат максимален придoнес во тој правец, информираа од Македонската банкарска асоцијација.

Од друга страна, бизнис секторот почна да прави проценка на првичните трошоци кои произлегоа од ослободувањето на дел од вработените од работните обврски во рамки на мерките за справување со коронавирусот. Според првичните проценки на Стопанската комора на Македонија направени врз основа на анкета спроведена кај 115 компании, првичните трошоци на компаниите се движат од 360.000 до 4.500.000 денари.

Главниот советник во Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски, вчера на прес-конференција истакна дека неповолните економски трендови од март, ќе прoдолжат и во првата половина од април.

– Досега преземените мерки од страна на Владата ги сметаме за првични со оглед дека постоеја ограничувања од правен аспект. Сега, со прогласувањето вонредната сотојба, постои целосна слобода за преземање и нови мерки, нагласи Јовановски, додавајќи дека во овој момент на стопанството му е неопходна финансиска инјекција.

Првичниот удар од кризата предизвикана од коронавирусот го почувствува услужниот сектор пред се туризмот, хотелиерството, рестораните и трговијата, но последиците од кризата ги опфаќаат и останатите сектори. Евидентни се нарушувања на ликвидноста и губење на побарувачката. .

Анкетата покажува дека вкупниот број отсутни работници е 1.092, што е 7,9 отсто од вкупниот број вработени во анкетираните претпријатија (13.818). Притоа, 36,5 проценти од претпријатијата имаат помеѓу нула и двајца отсутни работници, 17,4 отсто имаат три до пет отсутни работници, 11,3 отсто се со шест до 10 отсутни, а 8,7 отсто од претпријатијата имаат 11 до 20 отсутни.

Околу 60 отсто од компаниите пријавиле дека имаат потреба од реорганизација на работата заради новонастанатата ситуација. Приближно 36 проценти од претпријатијата пријавиле дека имаат дополнителни трошоци поврзани со реорганизирање на работата, a oстанатите 64 отсто изјавиле дека засега немаат трошоци за реорганизација. Во однос на други дополнителни трошоци, 18 проценти од претпријатијата пријавиле дека имаат трошоци со дезинфекција на работните простории, шест отсто трошоци за откажани аранжмани, пет проценти за кирија, а 30 отсто други трошоци и проблеми (трошоци за магацин за производи чиј извоз е одложен заради кризата, дополнително задржување на возила, прекинат процес на дистрибуција, неможност за наплата и извршување на обврски, намален промет).

Тагови: банкитебизнисотзагубикредитипроценкиуслови
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Акција за машинско миење на улиците во пет скопски општини, утре во други четири

Следна Објава

Мбапе најскап во свет, Меси дури осми, Роналдо не е меѓу 10-те

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Пазете се: Високиот крвен притисок е опасен и за помладите жени
ЗДРАВЈЕ

Пазете се: Високиот крвен притисок е опасен и за помладите жени

март 3, 2021
1

Хипертензијата ги погодува сите помлади жени, со неа се борат веќе во четвртата деценија Крвен притисок - сите знаеме дека...

Прочитај повеќе
Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!
ЕКОНОМИЈА

Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!

март 3, 2021
34

Помалку од две недели останаа за сметководителите да ги достават до Управата за јавни приходи Годишните заврши сметки на компаниите....

Прочитај повеќе
Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес
ЕКОНОМИЈА

Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

март 3, 2021
53

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди централна Хрватска во 5 часот и 37 минути. Епицентарот бил на шест...

Прочитај повеќе
Сончево време со температура до 18 степени
ЕКОНОМИЈА

Сончево време со температура до 18 степени

март 3, 2021
27

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5...

Прочитај повеќе
Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?
ЕКОНОМИЈА

Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?

март 3, 2021
230

Освен биткоинот, кој е најпознат, има и голем број други криптовалути, па се поставува прашањето дали има воопшто смисла и...

Прочитај повеќе
Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!
СПОРТБИЗ

Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!

март 3, 2021
109

Јувентус се доближи на седум поени разлика од првото место на Интер, откако потешко од очекувањата со 3:0 ја совлада...

Прочитај повеќе
Иванишевиќ: Новак е опасен за Западот, затоа не го сакаат
СПОРТБИЗ

Иванишевиќ: Новак е опасен за Западот, затоа не го сакаат

март 3, 2021
237

Тренерот на светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ се врати дома и даде интересно интервју во...

Прочитај повеќе
Златан му одговори на Леброн: Спортистите обединуваат, политиката разединува
СПОРТБИЗ

Златан му одговори на Леброн: Спортистите обединуваат, политиката разединува

март 3, 2021
94

Златан Ибрахимовиќ го повтори своето мислење дека спортистите треба да се држат подалеку од политиката и покрај тоа што Леброн...

Прочитај повеќе
Комбинација која ублажува анемија, чир, импотенција…
ЗДРАВЈЕ

Комбинација која ублажува анемија, чир, импотенција…

март 3, 2021
71

Комбинацијата од мед и ореви на нашиот организам му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, протеини, масти, јаглени хидрати и...

Прочитај повеќе
Дневен хороскоп 03.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 03.03.2021

март 3, 2021
794

Овен (21.03 – 20.04) Можеби ќе бидете разочарани од колегите со кои имавте најблизок контакт и максимална доверба. Љубовната ситуација...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пазете се: Високиот крвен притисок е опасен и за помладите жени

Пазете се: Високиот крвен притисок е опасен и за помладите жени

март 3, 2021
Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!

Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!

март 3, 2021
Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

март 3, 2021
Сончево време со температура до 18 степени

Сончево време со температура до 18 степени

март 3, 2021
Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?

Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?

март 3, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол

    Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ја критикуваа бидејќи е премногу фотошопирана, а сега поради бикинито во кое едвај ги воздржа облините, ја креваат до небо!(ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најдобрите чаеви за слабеење

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • При недостаток на витамин Д консумирајте ги овие 5 намирници

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 03.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 03.03.2021

март 3, 2021
794
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
3.5k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
688

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Мбапе најскап во свет, Меси дури осми, Роналдо не е меѓу 10-те

Мбапе најскап во свет, Меси дури осми, Роналдо не е меѓу 10-те

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани