28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМазда не ја интересираат електричните и хибридни возила

Мазда не ја интересираат електричните и хибридни возила

mazda demio ev 1

Електричните и хибридните возила се нов хит меѓу производителите на автомобили, но не сите лудуваат во иста мера за нив.

Па да речеме Мазда на пример нема амбиции да зачекори во тој смер во скоро време. Тоа го истакна еден од директорите на Мазда задолжен за односи со јавноста.

Јапонците имено планираат да извлечат максимум од своите бензински и дизел мотори, како и од филозофијата „SKYACTIV“ и тоа без намалувањето на запремнината на моторите.

Во Хирошима веруваат во оптимизирање на постоечките технологии, па се уверени дека хибридната технологија и не е нешто претерано еколошки настроена и дека комбинацијата на мотори со внатрешно согорување, електромоторите и батериите само допринесуваат за комплексноста и тежината на автомобилот.

Во Мазда имаа обид со електричните автомобили. Тие развија концепт на електрична „двојка“ која привлече доста внимание, но очигледно не привлече доволно внимание кај купувачите на Мазда за да премине во комерцијално производство.

Дали ваквото занемарување на трендовите ќе и се врати со лошо на Мазда, особено ако законодавците на развиените пазари одлучат дополнително да ги заострат еко-нормите, останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП