3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрoс-Кан на собарката и исплатил „само“ милион долари

Штрoс-Кан на собарката и исплатил „само“ милион долари

7633440

Доминик Штрoс-Кан на собарката Нафисато Диало и исплатил милион, а не шест милиони долари како што изјавил во декември, објави парискиот весник „Јournal du Dimanche“.

На десетти декември е објавена спогодбата со која е решен случајот за сексуален напад од страна на бившиот претседател на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Штрoс-Кан, но не е објавен износот.

Според весникот, Диало добила повеќе од еден милион долари, 30 проценти од чекот кој бившиот француски социјалистички претседател го исплатил на своите адвокати.

На тој износ треба да му се додаде и сумата од оштетата која тој ја исплатил на New York Post таблоидот, кој ја обвини собарката дека е проститутка, на што возвратила со тужба за клевета.

Адвокатите на Доминик Штрoс-Кан, кон крајот на декември го негираа износот од шест милиони долари за оштета на Нафисато Диало.

Собарката го обвинила бившиот шеф на ММф, со објаснување дека во хотелот Sofitel во Manhattan, тој излегол гол од бањата и ја присилил на орален секс.

Штрoс Кан го призна својот несоодветен однос и моралната грешка, но изјавил дека немало присила и насилство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП