2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате работа? Отворете си профил на LinkedIn

Сакате работа? Отворете си профил на LinkedIn

linkedin1

Професионалната мрежа „LinkedIn“ ја користат повеќе од 200 милиони луѓе, но не се сите профили исти.

Покрај најчестите грешки, кои секако треба да ги избегнете, не е доволно само да се пополни профилот.

На оваа мрежа, на секои две секунди се приклучува нов член. Тоа што ги издвојува „големите“ профили од просечните, е начинот на кои поединечни корисници ги користат различните можности на оваа мрежа. Како и на другите социјални мрежи – клучна е ангажираноста.

Ажурирање на статусот

Корисниците кои барем еднаш неделно делат одредени содржини со своите конекции, имаат 10 пати повеќе шанси да бидат контактирани во врска со новите работни предизвици. Но не претерувајте со бројот на постови и запаметете дека клучот за успехот е квалитетот.

Направете распоред

Многумина сметаат дека немаат време да бидат активни на „LinkedIn“. Бидејќи постојат бројни апликации за мобилните уреди, овој изговор не може да се смета за оправдан.

Променете ја сликата на профилот

Луѓето секогаш се облекуваат да бидат складни со работата што ја сакаат. Применете го истото и на „LinkedIn“. Профилот на корисникот кој има фотографија, има седум пати повеќе шанси да биде прегледан, за разлика од профилите без фотографија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП