26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите во период на криза масовно купуваат станови

Русите во период на криза масовно купуваат станови

Побарувачката за станови во Русија во последните неколку дена е скоро двојно зголемена, покажуваат податоците на сервисот за пребарување на недвижнини Cian.

Руските медиуми пренесуваат дека за само неколку дена, бројот на оние кои барале стан за купување е зголемен за 54 проценти и од средината на март достигна максимум од почетокот на оваа година.

Сигурно е дека кризата поради коронавирусот се одрази и на пазарот на недвижности во Русија.

Експертите тоа го поврзуваат со наглото слабеење на рубљата па граѓаните брзаат заштедата да ја инвестираат во недвижнини.

Во меѓувреме, дојде и до пад на цените на становите. Во оваа ситуација, продавачите брзаат да ја завршат работата што е можно побрзо додека клиентите сè уште имаат пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП