5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа некои виното и оружјето се како тоалетна хартија: Што во која...

За некои виното и оружјето се како тоалетна хартија: Што во која земја сега е невозможно да се најде

Додека милиони во светот се подготвуваат да бидат затворени во своите домови во наредните недели за да спречат понатамошно ширење на коронавирусот, во супермаркетите ширум светот има недостиг на популарните намирници и производите за хигиена, но и на некои други, помалку необични работи.

Полиците за тоалетна хартија во неколку земји низ целиот свет се празни со недели. Сепак, во различни земји оваа потреба е на различни места на приоритет. На пример, во Шпанија, недостасува вино.

Иран и Италија: Зошто сите купуваат тоалетна хартија?

Малку е чудно за Иранците и Италијанците да слушнат дека другите земји се расправаат за тоалетна хартија.

Причина? Повеќето тоалети во Италија имаат мијалник, еден вид туш за чистење откако ќе завршите со тоалетот.

Од друга страна, Иран, исто така е тешко погоден со ширењето на коронавирусот, луѓето за овие цели користат вода и потоа се сушат со нормални марамчиња.

Шпанија: Вино

Во шпанските продавници веќе неколку дена недостасува вино, заедно со тоалетна хартија и тестенини. Италијанците се исто така на списокот на земји кои се среќаваат со празни полици на вино.

Турција: Колонска вода

Во Турција, во моментов нема многу шанси да стигнете до колонска вода. Традиционално се користи за посетители, но може да се користи и за дезинфекција на раце. Колонската вода содржи околу 80 проценти етил алкохол, поради што се користи за дезинфекција, и тоа е причината зошто ја нема на полиците во турските супермаркети.

Холандија: Марихуана

Во меѓувреме, холандските потрошувачи очигледно пазареле само марихуана. Непосредно пред затворањето на кафулињата поради пандемијата корона, луѓето правеа редици напред, но не поради кафе, туку поради марихуана.

САД: Оружје и вода

Иако американскиот претседател Доналд Трамп го извести својот народ дека нема потреба да купуваат толку многу, тоа не ги спречи Американците да почнат со складирање на залихи за кои се плашат дека нема да ги има наскоро.

Луѓето ширум САД ги опустоштија полиците на супермаркетите со конзервирана храна и тоалетна хартија.

Водата е уште една од популарните работи која недостасува во САД. Полиците со месо исто така беа забележително празни.

Продажбата на оружје и муниција во меѓувреме порасна. Продавачот на муниција ammo.com објави дека продажбата е во пораст од 276 проценти на 10 март, бидејќи во САД се зголеми бројот на потврдени случаи.

Скандинавија: Средства против болки

Во Скандинавија, властите ги повикаа луѓето да се воздржат од складирање на лекови како што се парацетамол и инсулин.

Бугарија: Цитрусно овошје

Се чини дека луѓето во Бугарија најмногу веруваат во здравите намирници, бидејќи го опседнале делот за овошје и зеленчук во потрага по витамин Ц. Овошјето како портокал и лимон скоро целосно исчезнал од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП