25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКирилиенко за помала плата премина кај Нетс

Кирилиенко за помала плата премина кај Нетс

kiri

32-годишниот Андреј Кириленко е најновиот играч на Бруклин Нетс, соопштија официјално од клубот. Русинот доаѓа кај „мрежите“ како слободен играч, откако по завршувањето на сезоната го напушти тимот на Минесота Тимбервулвс.

Интересно е дека Кириленко ќе добива далеку помала плата од онаа доколку останеше во претходниот клуб од НБА. Во Минесота му предлагаа 10 милиони долари годишна плата, додека на новото место тој ќе заработува 4 милиони долари.

„Андреј беше втора опција за нас. Главно бевме фокусирани кон Бојан Богдановиќ од Фенербахче, но откако преговорите пропаднаа, се насочиме кон Кириленко“, призна генералниот менаџер на „мрежите“, Бил Кинг.

Андреј Кириленко станува третото засилување на „Нетс“, откако клубот веќе ги доведе Пол Пирс и Кевин Гарнет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП