26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРацете ги дезинфицираме, а дали ги чистите вашите мобилни телефони, легло на...

Рацете ги дезинфицираме, а дали ги чистите вашите мобилни телефони, легло на зарази?

Сите знаеме што овие денови задолжително треба да правиме – често да ги миеме рацете, да ги дезинфицираме местата кои често ги допираме и никако да не го допираме лицето. Меѓутоа, дали сте се запрашале дали тоа би имало некаков ефект ако го правиме сето ова, а да не ги чистеме нашите мобилни телефони?

Не треба посебно да се објаснува поради што мобилниот телефон е легло на бактерии и зарази, туку само потсетник дека луѓето го носат во тоалет, го ставаат во џебови и торби, го користат во јавниот превоз и цело време ракуваат со него.

Ако не сте знаеле, просечниот човек го зема мобилниот телефон 2600 пати во еден ден и го користи околу 76 пати. Тоа е повеќе од лоша вест во време кога правиме се што можеме за да спречиме ширење на коронавирусот. Од друга страна, во моментов токму мобилниот е средство со кое луѓето се повеќе се во контакт од вообичаеното.

Секако, особено треба да посветите внимание на најмладите кои користат мобилни телефони за играње игри или гледање цртани филмови и кои често без размислување го допираат лицето – очите, устата…

Затоа сега се поставува прашањето како да го исчистите мобилниот телефон?

Клучот е да се спречи течноста да влезе во самиот телефон. Со други зборови, потребно е да се заштитат сите отвори на уредот.

Apple советува нивните уреди да се чистат со крпа од микрофибер натопена во вода со сапуница, а потоа додадаваат дека и марамчињата за дезинфекција ќе бидат ефективни.

– Избришете ги нежно уредите со марамчиња со 70 проценти алкохол. Тоа се однесува и на нашите други производи, како што се монитори, тастатури или други површини – Apple ве предупредува да внимавате на отворите и да се осигурате дека не влегува вода во нив, како и да не користите избелувачи.

Меѓутоа, бидејќи не постои гаранција дека ќе ги убие сите бактерии, некои сметаат дека мешавина од алкохол и вода е најдобра. Се разбира, потребно е внимателно да ги следите упатствата наведени на производот.

Ако се одлучите за влажни марамчиња, проверете да не содржат избелувач или други абразивни средства.

Отстранете ја маската, исклучете го уредот и избришете го од сите страни и обрнете внимание на помалите и потешките достапни места.

Кога мобилниот телефон целосно ќе се исуши на воздух, вратете го во заштитната маска. Не заборавајте после чистењето на мобилниот телефон да ги измиете рацете!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП