27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Имаме лек за коронавирус, наскоро ќе биде достапен на рецепт

Трамп: Имаме лек за коронавирус, наскоро ќе биде достапен на рецепт

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека овозможил лекот кој се користи против маларија да се тестира на пациентите заразени со коронавирус и дека засега покажува добри резултати.

Се работи за лекот хидроксиклорокин, а Трамп тврди дека би можел речиси веднаш да биде достапен за лекување на ковид-19, јави Си-ен-ен.

„Нема никого да убие. Лекот веќе некое време се користи така што знаеме дека ако не делува како што предвидуваме, сепак, нема да убие никого“, рекол Трамп во Белата куќа.

Додал дека се работи за вообичаен лек кој наскоро ќе биде достапен на рецепт за лекување на заразените со коронавирус.

Трамп е убеден дека овој лек ќе промени сè.

„Мораме да ја отстраниме секоја непотребна пречка. И го направивме тоа. Имаме добри резултати“, рекол Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП