28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујоршката берза го затвара трговскиот подиум и се префрла на електронско тргување

Њујоршката берза го затвара трговскиот подиум и се префрла на електронско тргување

Њујоршката берза (NYSE) соопшти денеска дека привремено ќе го затвори својот трговски подиум и ќе се префрли на електронско тргување, откако е потврдено дека две лица кои работат таму имаат коронавирус.

Тргувањето по електронски пат ќе започне на 23 март, соопшти берзата.

Затворањето е делумно резултат на позитивните тестови на коронавирус на две лица, изјави Стeјси Кaнингам, претседателка на NYSE.

Берзата претходно оваа недела воведе контроли на вработените за коронавирусот.

Берзата и порано се затворала во текот на историјата, на пример за време на Втората светска војна и по 11 септември 2001 година, но ова е прв пат да се затвори физички трговскиот подиум додека електронското тргување и понатаму трае.

Со NYSE управува трговската група Intercontinental Exchange, која ја стекна во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП