30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија со 38 милијарди евра ќе помогне за зачувување на работните места...

Австрија со 38 милијарди евра ќе помогне за зачувување на работните места и компаниите

Австрија ќе помогне со средства од 38 милијарди евра за зачувување на работните места и стабилноста на компаниите, соопшти премиерот Себастијан Курц.

Скоро 1.500 луѓе се заразени со коронавирусот во оваа земја, а потврдени се и три смртни случаи. Државата воведе гранични контроли, минимизиран сообраќај, затворени региони со скијалишта, училишта и повеќето продавници, а граѓаните ги повика да останат дома.

„Со јасна цел, без оглед на цената, се обидуваме да ги поддржиме луѓето од нашата земја“, изјави Курц на прес конференцијата.

Покрај претходната помош од 4 милијарди евра, Австрија ќе издвои и дополнителни 9 милијарди евра гаранции, 15 милијарди евра за пружање итна помош и 10 милијарди евра во даночни олеснувања, изјави Курц.

Вкупниот износ од 38 милијарди евра е еднаков на уделот од 9,5 проценти од домашниот производ.

Министерот за финансии Геронт Блумел објави нацрт буџет со помал дефицит наместо претходно очекуваниот суфицит. Тој изјави дека е невозможно да се предвиди колкав ќе биде дефицитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП