13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкиот парламент прифати ребаланс на буџетот

Словенечкиот парламент прифати ребаланс на буџетот

slovenijaparlament1

Словенечкиот парламент во четвртокот прифати ребаланс на буџетот, со кој буџетскиот дефицит ќе биде зголемен на повеќе од 1,5 милијарди евра.

Словенечката владеачка коалиција ребалансот го гледа како потребна мерка за нормално функционирање на државата, а опозицијата жестоко се противи на тоа. По ребалансот, буџетските приходи ќе изнесуваат 8,1 милијарди евра, а расходите ќе се зголемат за 10,5 милиони, на 9,6 милијарди евра.

Како клучна причина за ребаланс, владата го наведе влошувањето на економските услови. Владата сака да обезбеди дополнителни средства со цел да ја осигура исплатата на плати и пензии, како и отплатата на јавниот долг.

Владеачката коалиција изјави дека буџетот сепак не е идеален, но дека е потребно да се покријат сите државни обврски.

„Ги избравме мерките кои се најмалку лоши“, изјави претседателката на словенечката влада Аленка Братушек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП