19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите со ултравиолетово светло ги дезинфицираат автобусите, клучевите, парите

Кинезите со ултравиолетово светло ги дезинфицираат автобусите, клучевите, парите

Шангајската компанија за јавен транспорт Janggao ги претвори просториите за чистење автобуси во комора за дезинфекција со ултравиолетово светло, пренесува France24, повикувајќи се на AFP.

„Откако почна епидемијата… активно баравме поефективен метод за дезинфекција“, изјави заменик генералниот директор на компанијата.

Тој вели дека во коморите за чистење се претворени две простории за чистење, секоја може да дезинфицира до 250 автобуси на ден, се запечатени и работниците ги активираат надвор.

Бирото за надзор на пазарот во јужната кинеска провинција Гуангдонг предложи во лифтовите да се вгради “паметен систем за дезинфекција со ултравиолетово светло“. Системот би се вкучил кога во лифтот нема патници и автоматски ќе се исклучи кога процесот ќе заврши.

Во февруари, кинеската Централна банка објави дека користените банкноти се изолирани и дезинфицирани со ултравиолетова светлина поради сузбивање на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП