7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Подгорица – Тендерот за избор на приватен партнер на проектот на изградбата на жичницата Котор – Ловќен – Цетиње, чија куповна вредност е 46,5 милиони евра, ќе биде распишан за неколку недели, најави градоначалникот на Цетиње Александар Богдановиќ. Посебен поттик, рече Богдановиќ, претставува подготвеноста на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) со поволен кредитен аранжман да помогне на приватниот партнер со средства од 15 милиони евра. Најзначаен удел во вкупната вредност на проектот, од 36,7 милиони евра, чинат трошоците за изградба на жичарата долга 15 километри. За враќање на инвестицијата ќе бидат потребни десет години, а само пред две години работа приходот од жичницата треба да изнесува од 4 до 4,5 милиони евра.

Стокхолм – Волво неодамна го испорача милионитиот автомобил опремен со иновативен состав за автоматско сопирање, што е уште една потврда за глобалното водство на шведската компанија на подрачјето на автомобилската безбедност. Технологијата на Волво за автоматско кочење вклучува неколку светски иновации: стандардниот city safety систем кој работи при брзина до 50 км на час, collision warning систем за предупредување од удар со функција за автоматско кочење, како и системот за детекција на пешаци и велосипедисти со функција за автоматско сопирање.

Брисел – Економската криза доведе до пад на стапката на наталитетот во ЕУ, покажаа резултатите од истражувањето на германскиот Институт за демократски истражувања Макс Планк. Во Германија и Швајцарија, каде пазарот на трудот релативно добро ја преброди кризата, речиси немало промени во бројот на родени деца. Во Европа се родени помалку бебиња од почетокот на финансиската криза во 2008 година, покажаа резултатите од истражувањето на германскиот Институт за демократски истражувања Макс Планк. Порастот на невработеноста во 28 земји членки на Европската унија доведе до пад на стапката на наталитетот во тој блок, при што најмногу се погодени младите од 25 години и жителите на јужноевропските земји, како што е Шпанија, наведено е во студијата на Институтот.

Москва – Во Русија наскоро ќе се појави нов бренд Кремељски квалитет, под чие име ќе се продаваат месни и млечни производи. До сега се регистрирани 32 марки со ова име, меѓу кои се и вотката и пенливото вино, бисквитите и чоколадните бонбони Кремељско мече. На прв поглед ништо необично, ако не се работеше за производи на Земјоделско добро од Подмосковље кое произведува само за трпезата на претседателот на Русија, иако намирниците од овој комбинат можат да се најдат и на масите и рестораните во Кремељ, Думата и Советот на федерацијата. Новата одлука значи дека ова производство сега ќе се понуди и на обичните граѓани во руските продавници.

Братислава – Индустриското производство во Словачка, кое во најголем дел го чинат автомобили на германски, француски и корејски компании, порасна за 2,6 отсто на годишно ниво. На месечно ниво, откако ќе се пресметаат сезонските фактори, индустриското производство во мај пораснало за 0,2 отсто, по падот од 1,9 отсто од претходниот месец, наведе словачкиот Завод за статистика. Словачка е членка на еврозоната и нејзината економија во голем дел е покрената од извозот на автомобили и резервни делови во Германија и тој дел на извозот во мај пораснал за 3,6 отсто.

Белград – Изградбата на јужен тек низ Србија ќе почне до крајот на годината, а постои интерес и кај нови земји, кои сакаат да се вклучат во тој проект. Како што изјави заменик директорот на Гаспром за проектирање Александар Сироматин, наскоро се очекува потпишување на меѓународен договор меѓу Русија и Македонија за тој проект, а БиХ покажала голем интерес за Јужен тек.

Киев – Транзитот на природен гас преку територијата на Украина во земјите на ЕУ е намален во првите шест месеци во 2013 година, за 10,48 отсто на годишно ниво, на 38,22 милијарди кубни метри. Транзитот на гас во земјите на Заедницата на Независни Држави ЗНД истовремено е намален за 31,85 отсто на 1,12 милијарди кубици, соопшти операторот на системот за транспорт на гас на земјите на Укртрансгас. Во целото прво полугодие оваа година, во споредба со истиот период лани, транзитот на гас преку територијата на Украина (во земјите на ЗНД и ЕУ) е намален за 11,28 отсто, на 39,353 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП