26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Затворањето на училиштата и границите ја успорува пандемијата, но не ја...

СЗО: Затворањето на училиштата и границите ја успорува пандемијата, но не ја запира

Радикалните мерки, како што се затворање на училиштата и границите, можат да ја забават пандемијата на новиот коронавирус, но не можат да ја спречат, изјави денеска директорот на огранокот на Светската здравствена организација за Европа.

„Вирусот е тука и треба да биде ограничен во рамките на општеството“, изјави тој и додаде дека секоја европска влада треба да најде “избалансирани” и трајни мерки на социјален и економски план за да го заштити своето население.

Според него, регионот треба да биде подготвен да открие, заштити, лекува и да го намали преносот, а како што истакна, “бесмислено е луѓето да шетаат по улиците со маски”.

Покрај тоа, децата не беа предизвикувачи на епидемијата, изјави Клуг, иако призна дека би можело да биде “разумна” одлуката за затворање на училиштата за да се осигура социјално дистанцирање.

Соочена со светската голема санитарна криза, СЗО вчера повика да се тестира секој кој се сомнева дека е заразен со новиот коронавирус. Во земјите каде здравствените системи се пренатрупани со тестирање може би требало прво да се работи на ранливите групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП