22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Италија можен пад на приходите од 17, 8 проценти: Компаниите ќе...

Во Италија можен пад на приходите од 17, 8 проценти: Компаниите ќе изгубат 650 милијарди евра

Приходите во Италија би можеле да бидат помали за 17,8 проценти во однос на претходната година доколку епидемијата на коронавирусот потрае до крајот на годинава, пренесува Reuters.

Во тој случај, се очекува 750.000 компании од 200 различни сектори во оваа и следната година да изгубат 650 милијарди евра, предупредуваат експертите.

Завршувањето на епидемијата до мај би можела да доведе до пад на приходите од 7,4 проценти во споредба со претходната година.

Аналитичарите сметаат дека епидемијата на коронавирусот претставува еден од најтешките удари за италијанската економија уште од Втората светска војна. Сектори кои се најмногу погодени се туризмот и автомобилската индустрија.

Закрепнувањето на италијанската економија се очекува во 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП