26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ја издаде првата лиценца за финтеч банкарство на компанијата Yapeal

Швајцарија ја издаде првата лиценца за финтеч банкарство на компанијата Yapeal

Дигитален банкарски стартап Yapeal стана првата компанија која од швајцарските власти добила лиценца за финтеч банкарство.

Швајцарија минатата година воведе финтеч лиценци, во обид да потикне иновации во секторот, дозволувајќи им на малите играчи да влезат на пазарот, иако има ограничувања на депозитите од 100 милиони швајцарски франци и забрана за инвестирање и плаќање камата на средства.

Yapeal е првата компанија која добила лиценца од Надзорниот орган за финансиски пазари и го отвори патот за започнување на свои услуги, ветувајќи дека ќе „редефинира начин на кој луѓето се занимаваат со своите пари“.

Компанијата со седиште во Цирих ќе понуди вообичаен опсег на алатки за буџет и управување со пари, како и дебитна картичка Виза, услуги прилагодени за деца и едноставна фиксна надокнада.

Yapeal исто така потенцира дека со нив ќе управува заедницата и ги повикува своите Yapeal корисници на интеракција и помош при водење развој на производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП