4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономиите во развој главен двигател на растот на побарувачката на нафта

Економиите во развој главен двигател на растот на побарувачката на нафта

nafta2

Економиите во развој, предводени од Кина, ќе бидат главен двигател на растот на побарувачката на нафта до ново рекордно ниво во 2014 година, сигнализираше денес Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), зголемувајќи ги прогнозите за оваа година.

Меѓу причините за зголемување на прогнозата за побарувачката на нафта оваа година „ИЕА“ го наведе невообичаеното ладно време кое во вториот квартал значително ја зголеми побарувачката на нафта за греење во северниот дел од земјата.

Се очекува дека побарувачката ќе се зголеми за 930 илјади барели дневно. Вкупната побарувачка на нафта во 2013 година би требало да достигне 90,8 милиони барели дневно, со што ќе го достигне рекордното ниво.

Во 2014 година, со силна поддршка од економиите во развој, се очекува понатамошен раст, за 1,2 милиони, на рекордни 92 милиони барели дневно, прогнозираше „ИЕА“ во најновиот месечен извештај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП