ЕКОНОМИЈА

Агенција „Марили“ избра топ 10 најуспешни жени менаџери за 2019

Агенција „Марили“ ги избра најуспешните жени менаџери за 2019 година. Ова е 24-ти избор и промоција на жената во бизнисот. Оваа топ десетка ја сочинуваат:

1-Мерита Рамадани Алими, Директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје

2- Маја Бабиќ, Извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје 

3 – Татјана Дејаноска, Директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар

4 – Д-р Даниела Димитрова, Сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје

5 – Наталија Дренковска, Менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија

6 – Олга Јосевска, Оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија

7 – Даниела Китанова, Менаџер на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group

8 – Магдица Костадинова, Извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје

9 – Марија Кукуновска, Генерален менаџер на „Биспаг противпожарна техника“ – Скопје

10 – Жанета Џафер, Генерален менаџер на козметичко-фризерско студио „Жанета Естетик“

“Изборот е направен според веќе воспоставените критериуми – избираме од успешни приватни компании од различни области и дејности од целата држава. Менаџерките беа воглавно препорачани од нивни деловни колеги и партнери како успешни менаџери, но и личности со високи морални вредности. Притоа беше почитувана личната согласност на менаџерките да бидат дел од овој избор”, велат од агенцијата.

“Манифестацијата „Избор на топ 10 најуспешни жени менаџери“ е најстара на Балканот и е високо етаблирана во општеството и медиумски одлично поддржана. Промоцијата на лауреатките ќе продолжи на веб порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk каде тие ќе бидат претставени со нивни интервјуа и видео материјали, а свеченоста и доделувањето на признанијата ќе се одржи откако ќе биде надмината ситуацијата со ширење на заразата од вирусот Ковид-19″, додаваат од агенцијата.