25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ стави на располагање 164 милиони евра за стартапи и МСП за...

ЕУ стави на располагање 164 милиони евра за стартапи и МСП за решенија во борбата со коронавирусот

Европската комисија распиша итен повик за старапи и мали и средни претпријатија од областа на технологијата и иновациите на претпријатијата кои со своите решенија би можеле да помогнат во борбата против епидемијата на коронавирус да се пријават за донации во Европската унија.

Комисијата одвои буџет од 164 милиони евра за да им помогне на компаниите да создадат технолошки иновации кои би можеле да помогнат во лекување, тестирање, следење или во некои други аспекти од епидемијата на коронавирусот.

„Со буџет од 164 милиони евра, не постојат однапред дефинирани теми, а апликантите со релевантни иновации за коронавирус ќе бидат оценувани исти како и сите други апликанти“, се вели во повикот.

Европската комисија за иновации (EIC) веќе ги поддржува стартапите и малите и средни претпријатија кои се занимаваат со иновации и можат да помогнат во решавањето на епидемијата со коронавирусот, на која се доделени средства во претходните рунди на финансирање.

Рокот за поднесување апликација до Европската комисија за иновации е до утре до 17 часот, по локално време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП