2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и Кина: „Нов модел на односи меѓу големите земји“

САД и Кина: „Нов модел на односи меѓу големите земји“

usachina1

Соединетите Американски Држави и Кина се согласија во четвртокот во Вашингтон да ги продолжат преговорите за постигнување на договор за инвестирање откако Пекинг се откажа од претходните барања за заштита на одделни сектори од својата економија. Договорот е постигнат за време на редовните годишни преговори на САД и Кина за стратешки и економски прашања.

Договорот за обновување на преговорите за инвестирање беше поздравен од страна на американската бизнис заедница во САД како голем чекор напред.

Лидерите на двете земји настојуваа да остават впечаток на пријателски партнер додека се обидуваа да воспостават нешто што Кина го нарекува „Нов модел на односи меѓу големите земји“ помеѓу двете најголеми економии.

Американскиот министер за финасии Џек Лу ја поздрави заложбата за постигнување на договор за инвестициите како знак за позитивни промени во Пекинг.

Преговорите за овој договор започнаа уште во 2008 година, во време на мандатот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

И двете земји ја истакнаа значајноста на ваквите инвестиции, со цел напредување на економијата на овие земји.

Една од важните теми беше и интернет пиратеријата. САД ги повтори своите приговори за кражбата на интелектуалната сопственост, а исто така се дискутираше и за други безбедносни прашања поврзани со интернетот, како што се кражба на доверливи деловни информации и други видови на интернет-напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП