2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема криза за најбогатите луѓе во Франција

Нема криза за најбогатите луѓе во Франција

123624523_c9dcbf88fe

Економската криза во Франција ги поштеди супер богатите, покажува вчера објавеното истражување, според кое вкупното богатство на 500-те најбогати луѓе во државата се зголемило за речиси 25 проценти во последната година, пренесува ДПА.

Рангирањето на магазинот „Шаланж“ за 2013 година покажува дека благосостојбата на 500- те најбогати луѓе во Франција изнесува вкупно 330 милијарди евра, што е највисоко ниво од 1996 година од кога се прави ова истражување.

Богатството на 500-те најбогати луѓе сочинува 16 проценти од Бруто домашниот производ на земјата и 10 проценти од финансиските активи на Французите во целина.

Прв на листата останува шефот на конгломератот за луксузни стоки „Луј Витон Моет Енеси“ Бернар Арно, чие богатство се оценува на 24,3 милијарди евра.

На второ место е наследничката на козметичката империја „Лореал“ Лилиан Бетанкур со богатство од 23,3 милијарди евра.

Трет е основачот на трговскиот синџир за снабдување со стоки „Ошан“ Жерар Мулиез.

Овогодинешното рангирање на 500-те најбогати луѓе во Франција покажува дека 55 од нив се милијардери, што е за 10 повеќе во однос на 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП