25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИА1 Македонија во знак на поддршка овозможи дополнителни 10GB интернет на сите...

А1 Македонија во знак на поддршка овозможи дополнителни 10GB интернет на сите мобилни корисници, како и 7 филмски и детски ТВ канали

По одлуката на Владата за намалување на движењето на граѓаните, компанијата А1 Македонија објави свои мерки за да ја поедностави состојбата предизвикана од вонредната состојба со COVID-19 во земјата.

Во знак на поддршка на сите свои корисници, под слоганот „Заедно сме со вас”, овозможи дополнителни 10GB интернет на сите мобилни корисници, како и 7 филмски и детски ТВ канали за сите корисници на телевизиските услуги.

На овој начин, на сите корисници ќе им го исполни секојдневието, во време кога е најважно да покажеме висока свест, да останеме дома и да најдеме други начини на забава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП