28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ прогнозира рецесија во 2020 година

ЕУ прогнозира рецесија во 2020 година

Европската унија предвидува рецесија за 2020 година, изјави еврокомесарот задолжен за внатрешниот пазар, Тиери Бретон, не проценувајќи колкава ќе биде но предвидува дека глобалното влијание на коронавирусот врз европскиот раст ќе биде помеѓу два и 2,5 проценти.

„Пред кризата предвиден беше раст од околу 1,4 проценти за цел континент. Мислиме дека ќе има влијание помеѓу два и 2,5 проценти на тој раст“, изјавил Бретон за порталот BFM Business. Тоа би било рецесија од најмалку еден процент.

Тој изјави дека европските земји, се разбира, можат веднаш да ги применат правилата на европскиот пакт на стабилност за соочување со кризата.

„Строго ќе се придржуваме кон пактот за стабилност, кој овозможува во случај на виша сила да се изземеме од правилата“, изјави тој.

Запрашан за можноста за европски план за обнова, Бретон оцени дека е рано детално да се зборува за тоа во детали, но посочи дека е можно таков план да биде достапен во дадено време.

Тој изјави дека генерално кога постои рецесија постојат планови за обнова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП