25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи нагло паднаа и покрај стимулативните мерки

Европските берзи нагло паднаа и покрај стимулативните мерки

На европските берзи денес наутро цените на акциите нагло паднаа, како и на азиските берзи, бидејќи инвеститорите се плашат од големата штета поради ширењето на коронавирусот, па не ги смирија ни стимулативните мерки од централните банки и влади во многу земји.

STOXX 600 индексот на водечките европски акции околу 9,30 часот беше во минус речиси 8 проценти, паѓајќи на најниско ниво од 2013 година.

Утрово, лондонскиот FTSE индекс падна 5,75 проценти на 5.057 поени, додека франкфуртскиот DAX потона 6,55 проценти на 8.625 поени, а парискиот CAC 7,40 проценти на 3.814 поени.

И азиските берзи нагло паднаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на јапонските околу 9,30 часот беше во минус речиси 5 проценти, лизгајќи на најниските нивоа од почетокот на 2017 година.

Поради стравот на инвеститорите дека ширењето на коронавирусот во светот ќе доведе до глобална рецесија, со оглед дека во многу земји се спроведуваат вонредни мерки кои ќе доведат до слабеење на економската активност, инвеститорите не успеваат да ги смират ни стимулативните мерки во многу земји.

И на Wall Street денес се очекува пад на цената на акциите бидејќи терминскиот S&P 500 индекс е во минус околу 5 проценти, а Dow Jones повеќе од 1.000 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП