Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Време: 21:14

Датум: март 15, 2020

Категорија: БАНКИ

Во согласност со мерките на Владата за спречување на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка во периодот до 15.04.2020 година на сите свои клиенти физички лица им овозможува бесплатно извршување на сите трансакции преку електронско и мобилно банкарство.

Во овој период  клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилната апликација.

НЛБ мКлик мобилното банкарство може самостојно да се активира со преземање на апликацијата на Google Play и Apple store. Со избирање на НЛБ Standard пакетот, клиентите можат директно преку својот мобилен телефон, самостојно да ги реализираат сите банкарски трансакции во денарскиот и девизниот платен промет, да уплатат рата за кредит и картичка, да ги платат сите режиски трошоци, како и да имаат увид на сите сметки и трансакции од кое било место, 24/7.

НЛБ Банка  апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура.

„Заедно можеме да ги надминеме сите предизвици, доколу одговорно се однесувме и ги почитуваме превентивните мерки. Останете во Вашиот дом, бидејќи домот е место каде се луѓето кои најмногу ни значат. Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk, и на телефонскиот број 02/15-600“. – изјавуваат од Банката.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • НЛБ ве советува за безбедност при онлајн купување

    НЛБ ве советува за безбедност при онлајн купување

    Светот ќе ја запамети 2020 година како голем предизвик поради справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот. Сведоци сме на креирање на една нова „нормала“…

  • НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31-ви мај

    НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31-ви мај

    Согласно барањата на клиентите за продолжување на периодот за бесплатно користење на мобилното и електронското банкарство, нивна поддршка во користењето на дигиталните услуги, како и…

  • НЛБ Банка апелира да се почитуваат превентивните мерки за поголема заштита

    НЛБ Банка апелира да се почитуваат превентивните мерки за поголема заштита

    Во услови на пандемија од вирусот Covid 19, НЛБ Банка презема повеќе превентивни мерки со цел спречување на ширење на заразата, како и поголема заштита…

  • НЛБ БАНКА СО НОВА МЕРКА: Зголeмување на износот на бесконтактни плаќања без потреба за внес на пин код

    НЛБ БАНКА СО НОВА МЕРКА: Зголeмување на износот на бесконтактни плаќања без потреба за внес на пин код

    Со цел поголема заштита на клиентите и спречување на ширење на Корона вирусот, НЛБ Банка го зголеми износот за вршење на бесконтактни плаќања без потреба…

  • Известување од НЛБ Банка за предвремена исплата на пензии

    Известување од НЛБ Банка за предвремена исплата на пензии

    Согласно моменталните случувања со пандемијата на корона вирусот, во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите…

  • НЛБ Банка ја проширува кредитната понуда со два нови кредитни продукти за правни лица наменети за стимулација на инвестициите

    НЛБ Банка ја проширува кредитната понуда со два нови кредитни продукти за правни лица наменети за стимулација на инвестициите

    Ве информираме дека НЛБ Банка АД Скопје воведe две нови кредитни линии за клиенти-правни лица за реализација на долгорочни инвестициони проекти. Понудата е креирана како…

  • САД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

    САД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

    Deutsche Bank се најде во проблеми поради можните пропусти со перење пари. Федералната влада на САД истражува дали Deutsche Bank постапила во согласност со законите за…

  • ФЕД сигнализира намалување на каматните стапки

    ФЕД сигнализира намалување на каматните стапки

    Федералните резерви на САД (ФЕД) сигнализираа намалување на каматните стапки уште во јули, велејќи дека тие се подготвени да се борат против растечките глобални и…

  • НЛБ Банка со кампања „Think Green“ за заштита на животната средина

    НЛБ Банка со кампања „Think Green“ за заштита на животната средина

    НЛБ Банка со цел да ја подигне свеста за заштитата на природата и да ги истакне придобивките од здрава животна средина, организира „NLB Think Green“…

  • 5% поврат на средства со Американ Експрес во Веро и Џамбо маркети

    5% поврат на средства со Американ Експрес во Веро и Џамбо маркети

    Полека, но сигурно се доближуваме до најубавите пролетни празници – Велигден и Први мај. Празници исполнети со љубов и топлина за најблиските, но и многу…