19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД го повикаа кинескиот амбасадор на разговор поради теориите на заговор за...

САД го повикаа кинескиот амбасадор на разговор поради теориите на заговор за коронавирусот

Вашингтон вчера го повика на разговор кинескиот амбасадор во САД откако кинески официјален претставник изјави дека постои теорија на заговор според која американската војска наводно го инјектирала коронавирусот во кинескиот град Вухан, каде започна епидемијата.

„Ширењето на теории на заговор е опасно и смешно. Сакавме да ја предупредуваме (кинеската) влада да не го толерира тоа, за доброто на кинескиот народ и целиот свет“, рече неименуван претставник на Стејт департментот на САД.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лидијан во четвртокот вечерта ги спомена теориите на заговор, велејќи дека статиите на оваа тема се појавиле на Интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП