8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАФлертот со колегата не е добра идеја

Флертот со колегата не е добра идеја

Flirting at work.

Речиси сите фирми, организираат коктели и прослави за своите вработени со најразличен повод, меѓутоа ваквите забави често донесуваат повеќе проблеми отколку корист.

Луѓето на ваквите прослави се многу повеќе опуштени, што во комуникацијата, што во алкохолот, па се случува, под тие влијанија, колегата кој до вчера не сте го приметувале да ви стане привлечен.

За да не влезете во неволји, прочитајте зошто флертот со колегата не е добра идеја:

-Како прво работите заедно, но не сте единствени вработени. Со вас тука се и другите колеги кои со душа чекаат да слушнат добар трач. За да не бидете главна тема на разговор на паузите во наредните месеци, одолејте му на нагонот и сметајте дека тоа е личност која ќе ја среќавате секој работен ден.

-Денес сите имаат камери, а нивната употреба е посебно активна на забавите. Колку и да се трудите да се сокриете, некој сигурно ќе ве фати, а слика ќе почне да кружи по компаниските меилови и тоа пред забавата да заврши. Сигурно не сакате да се најдете на некој панел во акција со колегата.

-Имајте на ум дека на таа прослава ќе биде присутен и вашиот шеф, а во страствена прегратка со колегата, тешко дека ќе оставите добар впечаток. Шефовите, инаку, не гледаат добро на врските внатре во компанијата, па подобро е да ги избегнувате таквите ситуации.

-Доколку не сте пијани, јасно ви е зошто флертот со колегата не е добра идеја, но веројатноста да останете трезни на деловната прослава е еднаква на нула. Затоа, пред да излезете од дома, забранете си на себе било какво зближување со колегите и избегнете го држењето за глава наредното утро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП