27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската уредба даде резултат: Надоместоците за плаќања со картички намалени за 35...

Европската уредба даде резултат: Надоместоците за плаќања со картички намалени за 35 проценти

Европската комисија објави студија за примената на Уредба за меѓубанкарски надоместоци (“IFR”) за платни трансакции базирани на картички.

Студијата која ја нарачала Комисијата утврдила дека главните цели на регулативата се постигнати, бидејќи надоместоците за размена на потрошувачки картички се намалени за 35 проценти (околу 2,6 милијарди евра годишно) помеѓу 2015 и 2017 година. Ова намалување резултираше во пониски надоместоци за трговците како и погодности за потрошувачите преку пониски малопродажни цени.

Понатаму, растот на прекуграничните услуги на купување и трансакции со картички доведе до поголем степен на интеграција на пазарот.

Главните цели на Уредбата, која стапи во сила во 2015 година, бea ревидирање на колективно договорени надокнади за размена на картички и трансакции за плаќање врз основа на картички, кои биле многу разновидни, зголемени и нетранспарентни.

Тие надокнади претставуваа препрека за интеграција на единствениот пазар и создадоа нарушувања на конкуренцијата, вклучително и повисоки трошоци за трговците и купувачите.

Како што е предвидено од IFR, Комисијата подоцна оваа година до Европскиот парламент и Советот ќе достави извештај за примената на самата Уредба.

Студијата ќе биде еден од изворите на информации за извештајот, заедно со повратни информации и оценки на заинтересираните страни од надлежните државни органи за спроведување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП