1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот суфицит на Русија 7,3 милијарди евра

Буџетскиот суфицит на Русија 7,3 милијарди евра

rusija3

Федералниот буџет на Русија во првата половина од годината оствари суфицит од 306,88 милијарди рубљи (7,3 милијарди евра), што претставува еден процент од БДП.

Според прелиминарната проценка на руското Министерство за финансии, примарниот суфицит достигнал 482,75 милијарди рубљи или 1,5 проценти од БДП, пренесува Фран Прес.

Приходите на федералниот буџет на Русија во периодот од јануари до јуни оваа година достигнаа 6,256 милијарди рубљи, што е 48,6 проценти од вкупните приходи утврдени со законот за буџет.

Буџетските расходи истовремено изнесуваа 5,949 милијарди рубљи, или 44,4 проценти од обемот на законски предвидените расходи од федералниот буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП