24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо консумирање на овој пијалок можете да спречите болест на мускулите

Со консумирање на овој пијалок можете да спречите болест на мускулите

Луѓето кои шест месеци секој ден пиеле најмалку три чаши топло чоколадо можеле да одат повеќе од другите.

Конзумирање една чаша топло чоколадо на ден им помага на постарите лица да останат здрави и витални бидејќи какаото во чоколадото ја стимулира циркулацијата во нозете, укажува студијата направена на луѓе со вообичаена болест на периферните артерии.

Истражувањето е спроведено на лица постари од 60 години, кои боледуваат од болест на артерии, поради кои се јавуваат грчеви во нозете за време на одење, а во исто време се истражувало влијанието на какаото врз здравјето и организмот.

„Какаото и темното чоколадо содржат епикатехин, кој го подобрува протокот на крв и им овозможува на луѓето да вежбаат повеќе“, смета д-р Наоми Хамбург, претседателка на Советот за периферни васкуларни болести на Американското здружение за срце.

Лицата кои учествувале во истражувањето биле поделени во две групи, онаа која пиела какао и онаа која пиела плацебо пијалок без какао.

Нивното движење се мерело пред почетокот на истражувањето и по шест месеци. Исто така им се мерел протокот на крв во нозете со помош на MR. На крајот на самото истражување, лицата кои секојдневно пиеле какао можеле да одат 42,6 метри повеќе отколку порано, а лицата кои пиеле плацебо растојанието за одење се намалило за 24,2 метри.

Резултатите покажуваат дека какаото помага во одењето и виталност, како и во подобрување на состојбата и здравјето на мускулите. Оваа студија во исто време покажа дека какаото, како достапна и евтина намирница, може да помогне во лекувањето и запирање на болести на мускулите и артериите во нозете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП