29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтејт Департментот: Останува проблемот со неказнивост на нападите врз новинарите

Стејт Департментот: Останува проблемот со неказнивост на нападите врз новинарите

На 11.03.2020 беше објавен Извештајот на Стејт Департментот за минатата 2019 година за почитување на човековите права во Северна Македонија. Во извештајот се вели дека земјата постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт Департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари.

Во извештајот се нотирани речиси сите посериозни напади врз новинари за последните две години и истакнат е проблемот со неказнивост за насилствата врз новинарите, нешто за кое ЗНМ честопати алармираше во јавноста. Во дел од извештајот се цитира и говорот на претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој го одржа на Глобалната конференција за слобода на медиумите во Лондон каде тој истакна дека неказнувањето на случаите на напади врз новинарите останува голем проблем како и нарушувањата на слободата на изразувањето. „Според Здружението на новинари, Министерството за внатрешни работи ги завршило истрагите во сите 12 случаи на напади врз новинари од 2017 година, но сепак не е преземено понатамошно дејствување за нив освен во еден случај“, се вели во извештајот.

Нотирана е и реакцијата на новинарските здруженија (ЗНМ, ССНМ и СЕММ) во јули 2018 година кои се спротивставија на платеното политичко рекламирање за време на изборни кампањи да се финансира со јавни пари од граѓаните и наведено е дека оттогаш Владата не преземала никакви мерки за да го адресира ова прашање.

Посебно внимание во овој извештај на Стејт Департментот имаат и заканите, етикетирањата и заплашувањата на новинарите од страна на политичарите. Во тој контектст истакнати се цитати од реакциите на ЗНМ и на високи претставници на Европската комисија во насока дека тоа може да доведе до самоцензура, повикувајќи ги властите да покажат нулта толеранција за нападите и заканите врз новинарите.

И оваа година во делот за медиумите и слободата на изразување Здружението на новинарите на Македонија останува веродостоен партнер на Стејт Департментот. Во извештајот дури осум пати се спомнува ЗНМ како референтна организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП