3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија: Пратениците сакаат повисоки плати

Велика Британија: Пратениците сакаат повисоки плати

velikab1

Еден независен британски регулатор ќе предложи зголемување на платите за членовите на британскиот парламент од 11 проценти, и покрај ограничувањето на бенефициите во јавниот сектор.

Се очекува дека Независното тело за регулирање на финансиите на британскиот парламент (IPSA), ќе побара зголемување на платата на пратениците на околу 75,000 фунти (113,000 долари), пренесува агенцијата АП.

Шефот на „IPSA“, Иан Кенеди, минатата недела предупреди дека избегнувањето на зголемувањето на платите може да предизвик скандал сличен на оној кој избувна во 2009 година, кога британските пратеници и членовите на Владата беа обвинети дека немилосрдно ги трошеле парите од даночните обврзници за лични потреби.

Британските пратеници во моментов имаат приходи во висина од 66,000 фунти (99,000 долари), што е помалку во однос на повеќето нивни колеги во другите земји-членки на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП