26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој би рекол: Дали овој Citroën вреди 189.500 долари?

Кој би рекол: Дали овој Citroën вреди 189.500 долари?

Многу ретка верзија…

Екстремно ретка верзија на Citroën DS21 од 1965 година е ставена на продажба, а неговата цена е 189.500 долари?

Анри Шапрон бил човекот кој го дизајнирал овој Citroën, а неговата прва верзија е прикажана во 1955 година на Саемот за автомобили во Париз, по што Шапрон подоцна го „претворил“ во кабриолет.

Таа специјална верзија е направена во лимитирана серија и е понудена само на специјални клиенти.

Покрај кабриолетите, било можно да се нарача Chapron купе или лимузина и цената била околу 8.000 долари, што во денешна вредност би било околу 65.000 долари.

Ќе видиме дали некој ќе понуди 189.500 долари за овој автомобил, а Citroën ни ги покажа и неговите слики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП