18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААктерот Том Хенкс и неговата сопруга заразени со коронавирус

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга заразени со коронавирус

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразени со коронавирус. 63-годишниот актер кој е во Австралија, каде што треба да снима филм за животот на Елвис Присли изјави дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон дознале дека имаат коронавирус, откога се тестериле во средата.

„Здраво, луѓе. Јас и Рита сме тука во Австралија. Се чувствувавме малку уморни, како да имавме настинка и болки во телото. Рита имаше некаков студ и мала треска, исто така. Се тестиравме за коронавирус и се покажа дека сме позитивни “, напиша Хенкс на Инстаграм.

Хенкс и Вилсон се единствените познати лица од филмската индустрија што јавно соопштија дека се заразиле со вирусот.

„Ние соработуваме тесно со соодветните австралиски здравствени установи за да идентификуваме и контактираме со секој што можел да има директен контакт со заболеното лице. Здравјето и безбедноста на членовите на нашата компанија секогаш се наш главен приоритет и ние преземаме мерки на претпазливост да ги заштитиме сите што работат на нашите продукции низ целиот свет“, изјавија од Ворнер Брос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП