понеделник, јануари 18, 2021
-4 °c
Skopje
-4 ° пон
-4 ° вто
-2 ° сре
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,880.00 0.06%    GRNT 1,135.00 0.36%    KMB 7,800.00 -0.22%    REPL 110,000.00 4.76%    TNB 18,800.00 0.35%    ZPKO 2,911.00 0%    


Почетна ЕКОНОМИЈА

ФИТР: 66 домашни компании во фаза на финална селекција за проекти поврзани со технолошки развој

март 12, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
ФИТР: 66 домашни компании во фаза на финална селекција за проекти поврзани со технолошки развој
1
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Шеесет и шест домашни компании од 74 кои аплицирале, продолжуваат во фазата на финална селекција на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР по редовна постапка. Вкупниот обем на инвестиции кај овие проекти е над 11.7 милиони евра. Компаниите од Фондот побаруваат 3,5 милиони евра максимален износ, а се подготвени да вложат повеќе од 8 милиони свои средства. Побаруваните средства се 16% над вкупниот буџет наменет за овој повик кој во рамките на редовната постапка изнесува 3 милиони евра. Со овој повик Владата обезбедува до 30%, додека останатите 70 % се влог на компаниите.

Овој повик е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“), а целта е воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува конурентноста на домашните компании.

Компаниите кои сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој се од 15 области и тоа доминантно во секторот здравство и медицина како и градежништво, трговија и продажба, маркетинг, образование, и земјоделие.

Најголем дел од нив се мали (41) и микро (16) претпријатија, додека останатите се средни (9). Овие компании се од 16 града, од кои во најголем дел од Скопје, Струмица, Прилеп, Битола, Тетово и Неготино.

Проектите на овие компании, кои ја поминаа фазата на претселекција, ќе ги разгледува Комитетот за одобрување на инвестиции – независно тело составено од тим од пет странски експерти, а сите се оценуваат согласно дефинираните критериуми:, технолошки напредок, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на проектниот тим и влијание на проектот.

И овие компании ќе можат да ја искористат новововедената можност според која предлог проектите за кои Комитетот ќе смета дека сѐ уште не се подготвени за финансирање ќе имаат можност да одговорат на доставените коментари и препораки. За оние кои ќе ја искористат таа можност Комитетот повторно ќе ги разгледа нивните аргументи по што ќе донесе конечна одлука. Целта на оваа двонасочна комуникација е подобрување на комуникацијата со апликантите, транспарентност и подобрени услуги.

Согласно предходните известувања, Комитетот ќе ги разгледа и евалуира проектите, но конечна одлука ќе биде донесена по завршување на изборниот процес, кога ќе се објават и резултатите.

Инаку во рамките на овој повик по редовна постапка беа пријавени 74 предлог проекти, од кои дел отпаднаа во фазата на административна постапка, а дел во фазата на претселекција. Повикот беше отворен од 13 декември 2019, а поради големиот интерес и на барање на домашните компании, рокот за аплицирање по редовна постапка беше продолжен до 10 февруари 2020 година.

Тагови: иновациикомпаниипариселекцијафазафонд
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Американските банки подготвени да им помогнат на малите компании

Следна Објава

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга заразени со коронавирус




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка
КОМПАНИИ

А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка

јануари 18, 2021
18
Неспортски потег на Меси, без топка удри противнички играч
АВТОБИЗ

Неспортски потег на Меси, без топка удри противнички играч

јануари 18, 2021
29
Сити влегува во ритам, сега на -2 од Јунајтед со натпревар помалку!
АВТОБИЗ

Сити влегува во ритам, сега на -2 од Јунајтед со натпревар помалку!

јануари 18, 2021
7
Изненадна смрт на првиот човек на банкарската компанија Ротшилд
СВЕТ

Изненадна смрт на првиот човек на банкарската компанија Ротшилд

јануари 18, 2021
113
Кинезите откриле коронавирус во сладолед
КОРОНА

Кинезите откриле коронавирус во сладолед

јануари 18, 2021
68
Над 4 000 оздравени од Ковид-19 за два дена, активни вкупно 12. 635 случаи
ЕКОНОМИЈА

Над 4 000 оздравени од Ковид-19 за два дена, активни вкупно 12. 635 случаи

јануари 18, 2021
32

НАЈНОВИ ВЕСТИ

А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка

А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка

јануари 18, 2021
Неспортски потег на Меси, без топка удри противнички играч

Неспортски потег на Меси, без топка удри противнички играч

јануари 18, 2021
Сити влегува во ритам, сега на -2 од Јунајтед со натпревар помалку!

Сити влегува во ритам, сега на -2 од Јунајтед со натпревар помалку!

јануари 18, 2021
Изненадна смрт на првиот човек на банкарската компанија Ротшилд

Изненадна смрт на првиот човек на банкарската компанија Ротшилд

јануари 18, 2021
Кинезите откриле коронавирус во сладолед

Кинезите откриле коронавирус во сладолед

јануари 18, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Снег во Сахара (ВИДЕО)

    Снег во Сахара (ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 190 заразени со коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кои луѓе треба да го избегнуваат лукот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 18.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 18.01.2021

јануари 18, 2021
495
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
143





Следна Објава
Актерот Том Хенкс и неговата сопруга заразени со коронавирус

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга заразени со коронавирус

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани