28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистот Макс Тајникар: Во секоја криза некој профитира

Економистот Макс Тајникар: Во секоја криза некој профитира

– Ако постои криза, секогаш некој профитира, изјави словенечкиот економист Макс Тајникар во разговор за порталот Regionalobala.si, говорејќи за ефектите од короновирусот врз економијата.

– Ако постои криза, секогаш некој профитира. Сегашната, исто така на површина ќе донесе заработка во фармацевтската и другите слични индустрии. Но, сегашната криза е глобална (или ќе биде) и први што ќе се извлечат од неа се Кинезите. Денес кинеската глобална економија никој не може да ја замени. Но, ќе биде важно да бидете доволно цврсти да бидете во првите редови на економското закрепнување по завршувањето на кризата со моменталниот вирус. Некои велат дека тоа ќе биде за два месеци, истакна Тајникар.

На прашањето како појавата на новиот коронавирус може да влијае на цената на банкарските производи, кредити, хипотеки, Тајникар изјави дека условите повторно брзо ќе се нормализираат откако ќе заврши епидемијата на болеста.

Затоа, банките ќе треба да им помогнат на домаќинствата и компаниите да ја пребродат кризата. Дури и тоа би требало да биде во интерес ако знаат дека работат на долг рок. Интервенција на централна банка, во таа смисла, би била корисна.

Кога станува збор за помош за економијата, потребно е да се донесат премостувачки мерки. Тоа се мерки на подрачјето на данокот и невработеноста и мерки за социјална поддршка.

Меѓутоа, даночните мерки, според Тајникар, можат да бидат само мерки кои го одложуваат намирувањето на обврските. Кога болеста ќе престане, сигурно ќе дојде до брзо движење на економијата, а компаниите и домаќинствата повторно ќе можат нормално да работат и да ги подмируваат одложените обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП