20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБројот на заразени опаѓа, јапонскиот гигант продолжува со производство во Кина

Бројот на заразени опаѓа, јапонскиот гигант продолжува со производство во Кина

Компанијата Nisan соопшти дека планира да го продолжи производството во својата фабрика во Кина бидејќи бројот на нови случаи на заразени со вирусот COVID-19 во таа земја опаѓа.

Јапонскиот производител на автомобили објави дека фабриката во провинцијата Хубеи, епицентарот на зараза во Кина, ќе продолжи со работа до крајот на неделата.

Останува непознато кога бизнисот целосно ќе се врати во нормала, со оглед на затворањето на бројни фабрики поради проблеми предизвикани од епидемијата на коронавирусот.

Nisan е само една од неколкуте компании, меѓу кои и General Motors, Honda и Toyota, кои одлучија привремено да ги затворат своите погони каде изби епидемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП