24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Англија ја намали референтната камата прв пат од 2016 година

Банката на Англија ја намали референтната камата прв пат од 2016 година

Банката на Англија денес неочекувано ја намали референтната каматна стапка за половина процент за да ја поддржи економијата на земјата во борбата против коронавирусот.

Членовите на Комисијата за монетарна политика на банката гласале за намалување на референтната каматна стапка за прв пат од август 2016 година, на 0,25 проценти од 0,75 проценти, соопшти британската централна банка.

„Иако размерите на економскиот шок од коронавирусот сè уште со сигурност не може да се одредат, постои можност дека економијата во Обединетото Кралство во наредните месеци ќе претрпи материјални загуби“, соопшти Банката на Англија, објави Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП