4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан падот на цената на недвижнините во ЕУ

Забрзан падот на цената на недвижнините во ЕУ

nedvi1

Падот на цената на недвижнините вo еврозоната и Европската унија забрза во првиот квартал од оваа година, покажаа податоците објавени од Заводот за статистика на Европската унија.

Во првите три месеци од оваа година индексот на цената на недвижнините во еврозоната е намален за 2,2 проценти во однос на истиот период минатата година, додека во Европската унија е намален за 1,4 проценти, објави Еуростат. Во однос на претходниот квартал, индексот на годишно ниво е намален за 1,7 проценти во еврозоната, односно за еден процент во Европската унија.

Според податоците, најголем скок на цените на недвижнините на годишно ниво во првиот квартал од 2013 година забележала Естонија 7,7 проценти, потоа Летонија 7,2 проценти и Луксембург 4,3 проценти. Најголем пад е забележан во Шпанија 12,8 проценти, Унгарија 9,3 проценти и Португалија 7,3 проценти.

На квартално ниво цените на недвижнините најмногу се зголемиле во Романија 4,3 проценти, Естонија 3,1 проценти и Летонија и Словачка 2,3 проценти. Најголем пад е забележан во Шпанија 5,1 проценти, Кипар 4,8 проценти и Унгарија 3,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП