21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи, УЈП ја објави најновата Листа на должници

Кој колку должи, УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.03/2020 за долгови доспеани до 30.11.2019 и неплатени до 29.02.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.03/2020 објавени се 1765 должници – правни лица (помалку за 306 од претходната листа) и 2321 физички лица (помалку за 208 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2020 изнесува 8.976.624.312 денари, помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.791.372.146 денари (помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (без промени од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП