Белгискиот ланец „Delhaize“ објави дека ги продава сите 25 продавници „Maxi“, „Mini Maxi“ и „Tempo“ во Црна Гора.
„Delhaize“ договорот за продажбата го постигнал со црногорската компанија „Expo Commerce“.
Како што се наведува, во 2012 година овие продавници оствариле вкупно 50 милиони евра приходи.
„Delhaize“ и „Expo“ ќе работат на основа на договор за франшиза и ќе ги задржат имињата „Maxi“, „Mini Maxi“ и „Tempo“ како имиња на продавниците.
„Се очекува дека трансакцијата ќе заврши во 2013 година, таа зависи од добивањето на потребните дозволи како и од постигнувањето на посебни услови околу трансакцијата и прилагодувањето на капиталот“, се додава во соопштението.
Компанијата „Expo“ е основана во 1991 година со седиште во Котор, Црна Гора, а од 1998 година работи под името „Expo Commerce“. Основните активности на компанијата се трговијата на мало и големo на мешовита прехранбена стока и услуги.
Компанијата „Delhaize“ чие седиште е во Белгија е присутна во девет зeмји на три континенти.