6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвиокомпаниите возат празни авиони, само да не изгубат слотови

Авиокомпаниите возат празни авиони, само да не изгубат слотови

Покрај светската економија, од коронавирусот е погодена и авиоиндустријата, бидејќи очекува штетите кои ги трпи поради епидемијата, да достигнат и до 113 милијарди долари во делот на продажба на авионски билети.

За да не изгубат слотови на аеродромите, авиокомпаниите одржуваат празни летови, трошејќи големи суми и за гориво и за персонал.

Причината е што авиокомпанијата мора да држи отворени 80 проценти од доделените слотови или и им се заканува нивна загуба.
Затоа бројни авиокомпании одржуваат летови на дестинациите во Европа и надвор од неа, без оглед на бројот на патници, поради што имаат високи трошоци.

Поедини британски власти на надлежните органи за авио превоз им предложиле привремено да ја суспендираат примената на европските правила за слотови. Според тој предлог, овие правила не би се применувале додека трае епидемијата, со што би се намалиле трошоците на авиокомпанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП